вторник , 24 октомври 2017
Milco-Mancevski

Манчевски ќе учествува на Глобален културен самит во Абу Даби

Режисерот Милчо Манчевски ќе учествува на Глобалниот културен самит кој од 9-ти до 13 април ќе се одржува во Абу Даби. Во петте дена на самитот ќе има скоро 300 учесници од над 80 земји – врвни уметници и клучни играчи во владини активности, филантропија, областите на заштита на културно наследство, образование, медиуми, наука и технологија.

Меѓу учесниците се Медлин Олбрајт, поранешен секретар за надворешни работи на САД, Ричард Армстронг, директор на фондацијата Гугенхајм, Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО, Тан Дан, добитник на Оскар за музика, Дебора Рутер, претседател на Кенеди центарот, Дрен Вокер, претседател на Форд фондацијата, Идрис Кан, уметник, кореографот Лиз Лерман, како и претставници на универзитетот Беркли, на Карнеги хол и други.

Манчевски е добитник на над 40 меѓународни награди и признанија. Неговиот последен краток експериментален филм, американско-кубанската копродукција „Крајот на времето“ на 5 април имаше светска премиера на Фестивалот на краткометражни филмови во Аспен, Колорадо. Фестивалот е квалификуван во номинациите за Оскар.

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …