вторник , 26 септември 2017
damjan-manchevski-pres

Манчевски : Македонија едноставно повеќе неможе да си ја дозволи алчноста на Никола Груевски

Поминаа скоро три месеци од катастрофалната поплава којашто одзеде животи на 23 наши сограѓани, обиколницата се уште е оштетена и ништо не е направено. Со оглед на итноста до сега одамна требаше да почне да се работи за санација на состојбата.

Особено е важно да се најде решеније за одведување на атмосферските води, којшто беа и главен проблем при поплавата.

Откако после три месеци ништо не направи власта реши работата за санација на обиколницата да ја даде на фирмата Трансмет, се работи за фирма чии сопственик е блискиот пријател на Никола Груевски, Сеад Кочан. Се работи за истиот оној човек којшто Никола Груевски го споменува во бомбите како оној со Сеат Ибица, кога мести и други тендери за него. Се работи за фирма којшто само за 2012 година до денес, има добиено над 63,4 милиони евра работа од страна на државата. И, се работи за истиот човек којшто ја отвори Телевизија НОВА, наменски за да ја фали власта пред избори.

Македонија едноставно повеќе неможе да си ја дозволи алчноста на Никола Груевски. Не мораше ниту сега, не мораше ниту на оваа трагична приказна да се обидува да печали пари за своите блиски пријатели.

Ова веќе не е само алчност, ова веќе не е човечки.

Се согласуваме дека е итно потребна санација на обиколницата, ама итно значи дека до сега таа требаше да биде направена, а не да се калкулира работата да ја добие фирмата Трансмет.

Веднаш по смената на власта на 11 декември, новата и одговорна влада предводена од страна на СДСМ, ќе го реши проблемот со одведување на атмосферските води на обиколницата.

Веднаш по смената на власта ќе почне и постапка за пронаоѓање на одговорноста за последиците којшто се случија на граѓаните од катастрофалната поплава. 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …