вторник , 26 септември 2017
marinlepen3-540x320

Марин Ле Пен одби да се појави пред истражните судии

marinlepen3-540x320Марин Ле Пен, претседателката на крајнодесничарскиот Национален Фронт (ФН) одби да се појави пред истражните судии во рамки на истрагата за финансирањето на НФ, во која десетина функционери на партијата веќе се обвинети, јави дописникот на МИА од Париз.

Претседателката на НФ беше поканета од страна на истражните судии оваа недела, за да биде сослушана како асистиран сведок, статус меѓу сведок и обвинет. Таа поднесе претставка по основ на пристрасност против судиите, неколку дена порано.

Истражните судии Рено ван Римбејк Од Буреси се сомневаат дека НФ, односно микро-партијата Жан, предводена од страна на блиски на Марин Ле Пен, а главната печатница на партијата, Ривал, имаат воспостави систем за збогатување и измама со јавните пари, наменети за финансирање на политичките партии.

Тоа е „политичко прашање”, зад кое се крие „сенката на Мадам Тобира (министерката за правда)”, изјави на потпретседателот на НФ Флориан Филипо. ” Мислам дека никој не е слеп. Се наоѓаме пред неколку недели од регионалните избори со сосема празен и шуплив случај”, реагираше Флориан Филипо, според кој ова ќе заврши без осудување на никого.

Засега, оваа истрага резултираше со десет обвиненија. Партијата, микро-партијата Жан и печатницата Ривал и уште седум лица се обвинети. Меѓу нив, благајникот на Националниот фронт, Валеран де Сен Жуст. Тој на партијата Жан, Аксел Лусто и потпретседателот на Националниот фронт на Жан-Франсоа Жалк и Фредерик Шатијон, близок на Марин Ле Пен.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …