среда , 18 октомври 2017
11,09,2017

Марин: По победата, локалната власт предводена од СДСМ трајно ќе го реши проблемот со депониите во Аеродром

Се наоѓаме пред една од многуте диви депонии во општина Аеродром. Со години советничката група на СДСМ, но и многу граѓански организации апелираа до општината да ги исчисти овие депонии кои ширатзарази и болести. После осум години власт на ВМРО-ДПМНЕ и Ивица Коневски, бројот на депонии се зголемува наместо да се намалува. Во моментов има пет вакви диви депонии и општината не презема ништо затоа.

Освен тоа, јавната хигиена по тротоарите, улиците и тревниците е на катстрофално лошо ниво. Граѓаните низ целата општина ја посочуваат хигиената како еден од главните проблеми во општина Аеродром.

Почитувани, факт е дека Коневски и ВМРО – ДПМНЕ не се грижат за ништо друго, освен да профитираат од градежната експанзија и себепромоција преку скапи реклами платени од граѓаните. Ова после 15 октомври се менува. Чиста општина и чиста животна средина ќе бидат меѓу главните приоритети на новата локална власт. Со низа инвестиции и промени во работењето ќе ја подобриме јавната хигиена воопштината и ќе ја зачуваме животната средина. Дел од приоритетните мерки на СДСМ за општина Аеродром се:

Оформување на Комунално претпријатие во рамките на локалната самоуправа, задолжено за хигиената во општината. Ова претпријатие ќе биде задолжено да ја одржува хигиената на улиците, тротоарите ипросторот меѓу зградите. 

Зголемување на ефективноста и ефикасноста на работата на постоечките служби преку намалување на обемот на нивната работа. Во овој момент службите не можат да постигнат заради лошата организација ипланирање на работата.

Трајно решавање на проблемот со депониите без разлика дали се наоѓаат на приватни или јавни површини.Општината се правда дека нема ингеренции за чистење на приватните парцели, но тоа не е вистина. Новата власт ќе ги чисти сите површини на територија на општина Аеродром.

Поставување на нови подземни контејнери и контејнери за селективен отпад. Санација, како и редовно чистење на Усјанскиот канал.

Аеродром заслужува нова локална власт којашто ќе работи домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните, а не како досега во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Затоа, на локалните избори граѓаните ќе се изборат за промени и ќе го казнат долгогодишното коруптивно и неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.