недела , 20 август 2017
tvrdokoren manta

Марјан Стојкоски-Манта дел од протестите против формирање нова влада предводена од Зоран Заев

Претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз од Прилеп, Марјан Стојкоски-Манта синоќа даде поддршка со свое присуство на протестот предводен од МПЗ Пере Тошев, Карпалак, Патриот и други здруженија.

Името на Марјан Стојкоски беше често спомнувано во медиумите по таканареченото “предавство” на претходниот претседател на ФФМ, Харлампие Хаџи Ристески. Стојкоски од прв соработник на Харлампие стана прв соработник на реизбраниот Илчо Ѓорѓиевски.

На седница на ФФМ каде што беше изгласан албанскиот јазик за официјален јазик на федерацијата дел од делагатите кои гласаа ЗА е и Стојкоски.

tvrdokoren manta 1

Марјан Стојкоски е зет за ќерка на Симон Наумовски, сопственикот на “Витаминка” од Прилеп, за кого се претпоставува дека е во добри релации со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Изминатата година новинарот Зоран Божиновски пишуваше дека Марјан Стојкоски – Манта е “тројански коњ”, на режимот предводен од Груевски, истиот текст можете да го прочитате ТУКА

Има ли свој став Марјан Стојкоски – Манта ?

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …