вторник , 26 септември 2017
mark

Маркез падна, Крачлоу стигна до втората победа во Мото ГП

Новиот светски шампион, Марк Маркез одлично ја започна трката и почна да креира предност на врвот, но во 9. круг ја изгуби контролата во свиокот број 4 и заврши во тревата во моменти кога имаше речиси 3 секунди предност.

Грешката на Шпанецот ја искористи Кал Крачлоу кој остана смирен до самиот крај и без да направи грешка се радуваше на нова победа, негова втора во Мото ГП.

Зад Британецот завшри Валентино Роси, возачот на Јамаха имаше маестрална трка откако стартуваше дури од 15. позиција.

Италијанецот можеби ќе се бореше и за првото место но ја изгуби контролата во свиокот 4, влезе малку прешироко и загуби драгоцено време.

Последното место на подиумот му припадна на Маверик Вињалес, возачот на Сузуки беше подобар од Андреа Довициозо на Дукати.

Пол Еспаргаро заврши како петти, а Хорхе Лоренцо мораше да се задоволи само со шестата позиција.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …