понеделник , 25 септември 2017
Screenshot_113-593x320

Маркез: Повеќе не го почитувам Роси

Screenshot_113-593x320Стјуардите во Мото ГП шампионатот оценија дека Марк Маркез ја има улогата на жртва во инцидентот кој го имаше со Валентино Роси на трка која се возеше во Малезија утрово по централно европско време.

Одговорните лица одлучија да го казнат Роси со тоа што ќе стартува од последната позиција на последната трка во шампионатот која се вози во Валенсија.

„За мене е лесно да објаснам што се случи, бидејќи добро се гледа на снимките кој е виновен. Се претркавме неколку пати и се беше чисто, но во еден свиок тој се сврте со главата накај мене и ме клоцна со ногата по што загубив контрола над моторот. Во текот на мојата кариера имав толку беспоштедни битки, но никогаш не сум се чувствувал како денеска. Навистина не сфаќам зошто ме удри и зошто покажа агресија. Ова беше чист црвен картон ако ги земеме фудбалските правила во предвид. Сепак, Роси мина само со три казнени поени, а мислам дека требаше да освои идентични бодови како мене. Претпочитам да не кажам што ми рече по трката. Тоа не беше воопшто убаво. Секогаш сум имал голем респект за него. Тој беше мој идол и секогаш ќе биде така, но повеќе не го почитувам. Не само јас, мислам дека ја загуби почитта од многу луѓе. Се надевам дека ова ќе заврши тука, но се сомневам дека тоа ќе биде така“, изјавил Маркез.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …