петок , 18 август 2017
sulcnova

Мартин Шулц упати жестоки критики врз Трамп

Главниот ривал за местото германски канцелар на актуелната шефица на Владата на Германија, Ангела Меркел, Мартин Шулц денеска влезе во отворен вербален напад врз американскиот претседател Доналд Трамп.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, за време на говор во покраината Баварија Шулц, кој е поранешен претседателот на Европскиот парламент и кандидат за канцелар на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), изјави дека „секој што сака да гради ѕидови, ги негира женските права, навредува луѓе со хендикеп и ранливи категории граѓани и напаѓа медиуми, мора да биде критикуван“.

Шулц остро ја нападна и екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), која, според него, е „срам за земјата“.

Според последните анкети на јавното мислење, СПД на Шулц има сличен рејтинг со најголемиот политички ривал блокот на Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Христијанско социјалната унија (ЦСУ), предводен од Меркел, со кој сега социјалдемократите ја делат федералната власт.

Слични написи

mvr-granica-april-3-685x320

Бугарија со дронови и војска ќе се штити од илегални бегалци

Во борбата против нелегалната миграција, Бугарија планира масивно обезбедување на границата кон Турција со дополнително …