вторник , 24 октомври 2017
tepacka-navivaci-500

Масовна тепачка на Шверцери и Комити по натпреварот Вардар – Шкупи

tepacka-navivaci-500

Нешто после 23 часот вечерва две навивачки групи од Вардар и Шкупи си ги одмерија силите на плоштадот во Скопје.

Млади момчиња со фантомки на главите и шалови во боите на двата клубови се судриле.

Според очевидците на настанот станува збор за меѓуетничка тепачка, односно најпрво навивачите на Шкупи почнале да извикуваат погрдни зборови кон Комитите кои што почнале да фрлаат со разни предмети во знак на револт. Од како се собрал поголем број на Комити, навивачката група која што била во инцидентот од Шверцери избегала пд местото.

И на трибините на градскиот стадион имаше краток инцидент од како Шкупи постигна гол, по што полициски кордон ги оддели навивачките групи. Натпреварот важеше за меч со висок ризик со што беше забрането организирано доаѓање на навивачи од гостинската екипа.

Станува збор за судир на две групи навивачи од по 20 луѓе кои се сретнале по завршувањето на мечот Вардар – Шкупи кој заврши нерешени, 2:2.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …