сабота , 21 октомври 2017
132781462-540x320

Масовни протести против малезискиот премиер Наџиб Разак

132781462-540x320Според полицијата околу 20, а според организаторите над 200 илјади луѓе вчера и денеска на плоштади во Куала Лумпур и други градови на Малезија протестираат и бараат оставка на премиерот Наџиб Разак.

Учесниците во протестите се заградени од силни полициски кордони, но инциденти нема. Демонстрантите најавија дека ќе се растурат на полноќ, кога почнува денот на одбележувањето на малезиската независност.

Демонстрациите против актуелните власти, во кои учесниците, облечени во жолти маици бараат фер и праведни избори, во Малезија започнаа во 2011 година, а тогаш и идната година полицијата ги растури со употреба на солзавец и водени топови.

И годинава полицијата најави дека ќе ги растури демонстрациите, но од како вчера им се придружија поранешниот премиер Махатир Мохамад и неговата сопруга, планираните полициски акции беа откажани.

За разлика од порано, во протестите сега се бара и оставка на премиерот Наџиб Разак, осомничен дека на негова приватна сметка од државниот Фонд за развој на Малезија биле уплатени околу 700 милиони долари.

Разак тврди дека големите пари се донација од страна на богато семејство од Средниот исток, но малку кој верува во толку голема добордодушност. Сомнежите ги подгрева и податокот дека Фондот, од каде се смета дека потекнуваат и милионите долари на сметката на Разак лани имал загуба од над 9 милијарди долари.

Малезија, во која претежно има муслиманско население, има влијателни малцинства со кинеско и етничко потекло. Припадниците на овие малцинства сеуште имаат најголема контрола на бизнисите во Малезија, во која коалицијата на малајски партии УМНО ја контролира власта.

Во обид да обезбеди поголемо реално влијание на малајскиот дел од популацијата, на иницијатива на Разак, во Малезија во 2009 година е основан Фондот за развој на Малезија. Амбициозните планови за развој, особено на енергетскиот сектор, предизвикаа тој да оствари загуба од над 10,5 милијарди долари.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …