вторник , 26 септември 2017
krvava sekira

Маж од Врапчиште со секира си ја убил сопругата

krvava sekira
Четирисет и девет годишен маж со секира ја усмртил сопругата во се уште нерасветелни околности, во семејната куќа во гостиварското село Врапчиште, јави дописникот на МИА од Гостивар.

Убиството, според информациите од Јавното обвинителство во Гостивар, најверојатно се случило половина час после полноќ.

Од Јавното обвинителство кое го истражува убиството информираат дека осомничениот сопруг, најверојатно поради нарушени семејни односи започнал расправија со сопругата, по што ја удрил со секира. Убиството било извршено во спалната соба од семејната куќа во село Врапчиште.

По убиството, осомничениот самиот се пријавил во полициска станица Гостивар.

На местото на настанот извршен е увид од страна на јавен обвинител и криминалистичка техника. Јавниот обвинител издал наредба за вршење обдукција. Истрагата продолжува во насока на расветлување на настанот.​​

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …