сабота , 21 октомври 2017
5690204716_0cfe094300_z

Меѓународна конференција во Охрид: Бегалската криза – глобална безбедносна закана

5690204716_0cfe094300_zВо организација на Маршал центарот – Македонија и НАТО во Охрид се одржува дводневна конференција на која се разговара за транснационалните закани со фокус на мигрантската криза, на која ќе бидат усвоени препораки за подобрување на безбедносните капацитети на државите-членки на алијансата и нејзините партнери за справување со современите предизвици.

Учесниците предупредуваат дека бранот со бегалците – мигранти ќе продолжи да се зголемува и во наредните месеци. Бегалската криза со која се соочува и нашата земја, претставува глобална безбедносна закана која заслужува поголемо внимание од меѓународната заедница.

– Нема знаци дека миграцијата ќе запре, што значи дека напливот ќе расте. Овој проблем може да се реши само со заеднички одговор на ЕУ, но не само на земјите членки на унијата, туку и на земјите партнери, смета Давид Горонбеи – од унгарското МНР.

Џејмс Шерока, универзитетски професор од САД, смета дека прашањето на мигрантите е светски проблем, кој заслужува внимание не само од земјите на Западен Балкан и ЕУ, туку и од ОН.

– Трагично е да се гледаат овие луѓе кои одат од граница до граница без сигурност дека ќе стигнат до нивната цел. Македонија направи многу за да им помогне на мигрантите, но овој проблем треба да се реши на поинаков начин – вели Шерока.

Кризата со мигрантите која се посилно ја чувствува Македонија ги покажа слабостите на државата во справување со ваквите закани, укажуваат стручњаците, според кои, на земјата и е неопходна меѓународна помош.

– Мора да има подобра координација како помеѓу државните органи, различните министерства така и со соседните земји односно меѓународната заедница за справување со ова прашање бидејќи Македонија сама не ќе може да се справи со една ваква закана – истакна универзитетскиот професор, Стојан Славески од Маршал центарот – Македонија.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.