понеделник , 25 септември 2017
ermira-mehmeti1

Мехмети: Или реформи во ДУИ, или станувам независен пратеник

ermira-mehmeti1Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, не ја исклучува можноста да ја напушти матичната партија, иако тврди дека такво нешто не спомнала.

Шпекулациите се засилија откако медиумите на албански јазик објавија дека таа ја напушта својата матична партија и ќе дејствува како независен пратеник.

Вчера на својот фејсбук-профил, изразувајќи го своето незадоволство, Мехмети напиша: „Ниту една политичка функција не е вечна, па ни положбата министер“.

– Не ја исклучувам и таа можност, но тоа не е приоритет. Јас побарав внатрешни реформи во партијата за внатрепартиски да се средат работите – ни изјави денеска Мехмети.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …