вторник , 26 септември 2017
Mekeleb

Мекејлеб пред трансфер во НБА

Mekeleb
Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб се наоѓа на чекор до трансфер во НБА тимот Њу Орлеанс.

На тимот му е потребен плејмејкер, а Мекејлеб не успеа да си обезбеди трансфер во Европа, па се очекува Американецот со македонски пасош да добие шанса во Њу Орлеанс како замена за повредениот Норис Кол.

„Пеликаните“во моментов имаат 20 играчи под договор и ќе треба да отпуштат еден од нив за да отворат место за Мекејелб.

Минатата сезона Бо настапуваше во дресот на Баерн Минхен со просек од 13,6 поени, 2,3 скока и 5,6 асистенции по натпревар. Тој колеџот го заврши во Њу Орлеанс, а во својата кариера играше и за Партизан, Мерсин , Монтепаски и Фенербахче.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …