недела , 24 септември 2017
przino pregovori

Мендух Тачи и Али Ахмети ја напуштија резиденцијата во Пржино, Заев и Груевски остануваат да преговараат

przino pregovori
Судбината на договорот од Пржино ќе ја решаваат лидерите на двете најголеми партии во Македонија, СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ. Претставниците на албанските партии ДПА и ДУИ ја напуштија резиденцијата на ЕУ, која се наоѓа во Пржино каде што се одвииваат и преговорите.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи без да даде изјава било каква изјава за медиуми ја напушти прв резиденцијата на ЕУ, а по него излезе и и лидерот на ДУи Али Ахмети.

Според Ахмети работните групи ќе продолжат со работа, а најголем проблем е законот за Влада, со кој што треба да се прецизирата надлежностите на министрите.

Во моментов во резиденцијата на ЕК се само лидерите на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев и меѓународните претставници. Не е познато до кога е продолжат преговорите помеѓу нив.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …