недела , 20 август 2017
meri nikolova

Мери Николова ќе го освојува Пробиштип за да покаже како се практикува локална власт без криминал

Жената која што во 2014 година ги предводеше протестите пред Собранието на Република Македонија со мотото “УДАР за криминалците” денес е во внатрепартиска трка за избор на градоначалник на општина Пробиштип.

Пред неколку дена Николова согласно правилникот на СДСМ за избор на кандидати за градоналачници својата кандидатура ја поднесе во СДСМ, каде што битката ќе ја бие со тројца останати сопартијци кои што и не се така познати во јавноста.

“Со оглед на тоа што години наназад јас ревносно се борам против режимот на чело со обвинетиот Никола Груевски, како родена Пробиштипјанка решив да се кандидирам за градоначалник на Пробиштип. Целта на мојата кандидатура е да покажам пред се дека ние жените можеме и умееме добро да менаџираме со општина исто како и мажите. Сето тоа без ни трошка криминал. Како магистар на безбедносни науки многу полесно ќе ми биде да ги откријам неправилностите на моменталната локална власт, а со визијата што ја имам ќе го направам родниот град поубаво место за живеење.”

Мери Николова во 2016 година беше дел од изборот на ФОКУС за храбра жена покрај Јасминка Ангелова, Мерсиха Смаиловиќ и други.

Интересно е тоа што во програмата на Николова од тоа што можеше да ни го открие има проекти кои што ќе го олеснат секојдневниот живот на граѓаните на Пробиштип.

Изградбата на центарот за физикална терапија и рехабилитација ќе го скрати изгубеното време по патишта до Штип или Кратово, а со самото тоа и ќе се отворат повеќе работни места во градот, интересен е и предлогот за стипендија за на самохрани мајки или татковци со финансиска помош за средно и високо образование на нивните деца.

Како во секој град така и Пробиштип има квалификувана работна рака, па вработувањата ќе ги вршиме преку изградба на погони од страна на странски инвеститори, при вработувањето приоритет ќе имаат лица приматели на социјална помош или оние кои се без никакви примања.

Ова е дел од предлог програмата на Николова, за другиот дел не сакаше да говори повеќе од причина што сепак станува збор за избор, па макар и внатрепартиски. Според неа до сега има поддршка и од Либералната партија во Пробиштип, ВМРО Народна партија и од неопределените граѓани на градот, ќе ја чека конечната одлука на лидерот Зоран Заев и искрено се надева дека таа ќе биде неговиот избор како кандидат за градоначалник на Пробиштип.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …