вторник , 26 септември 2017
merkel netanjahu

Меркел го демантира Нетанјаху: Германија е одговорна за холокаустот

merkel netanjahu
Германија има целосна одговорност за холокаустот, категорична е германската канцеларка Ангела Меркел по изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „палестински лидер на Хитлер му ја дал идеја за истребување на Евреите“, јави дописникот на МИА од Берлин.

– Германија не бега од одговорноста за холокаустот. Не гледам каква било причина да го менуваме нашето гледање на историјата, изјави Меркел во врска со тврдењето на израелскиот премиер.

Во говор одржан во вторникот Нетанјаху изјави дека Адолф Хитлер не го планирал холокаустот на Евреите, се додека не го сретнал палестинскиот националист, големиот муфтија на Ерусалим, Амин ал Хусеини, во 1941 година.

– Во тоа време Хитлер не сакал да ги истреби Евреите, туку само да ги протера, изјави Нетанјаху пред Светскиот ционистички конгрес.

Според него, палестинскиот националкист на Хитлер му рекол дека ако само ги протера Евреите, тие ќе се вратат и го „советувал да ги запали“.

По реакцијата на Меркел, Нетанјаху делумно ги измени своите тврдења дека Хитлер не е самкот одговорен за холокаустот.

– Одговорноста на Хитлер и нацистите за убиството на шест милиони Евреи му е јасна за секој нормален човек, изјави Нетанјаху по средбата со Меркел, додвајќи дека сепак улогата на големиот муфтија на Ерусалим во сето тоа не треба да биде заборавена.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …