понеделник , 23 октомври 2017
merkel-saksonija

Меркел ја губи Саксонија

Доколку во германската покраина Саксонија утре се одржат парламентарни избори, актуелната покраинска коалиција на демохристијаните и социјалдемократите, која е на власт и во цела Германија, нема да може да формира влада, покажува анкетата на Централното германско радио (МДР).

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, околу една четвртина од испитаниците рекле дека на следните избори ќе гласаат за популистичката партија Алтернатива за Германија (АФД), што е пораст на популарноста за екстремните десничари, кои до пред два месеци во Саксонија имаа подддршка од околу 22 остто.

Членките на германската „црно-црвена“ или „голема коалиција“, Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) заедно имаат 46 отсто поддршка, што значи дека во оваа покраина ќе треба да се формира нова владина коалиција ако наскоро има избори.

ЦДУ сега има 34 отсто подршка, а на изборите во 2014 година имаше 38 проценти, додека за СПД би гласале 12 отсто, а  пред две години ја подджаа 13 проценти.

Според анкетата, секој втор граѓанин на Саксонија е незадоволен од Владата, а секој трет не верува дека која било партија би можела да ги реши важните прашања во земјата.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …