недела , 20 август 2017
merkelzbori

Меркел сведок во истрагата за американското шпионирање во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска сведочеше пред парламентарната комисија на Бундестагот која што го испитува американското прислушување во Германија и активностите на германските разузнавачки служби, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Меркел, пред членовите на комисијата во врска со наводното прислушување на американската Национална безбедносна агенција (НСА) во Германија го повторила ставот дека „шпионирање меѓу пријатели“ е неприфатливо. Истрагата за скандалот во кој се опфатени германски и европски институции и компании започна по сведочењето на поранешниот контрактор на НСА Едвард Сноуден кој што во 2013 година ја откри програмата за следење на американската агенција.

За германската јавност поголем проблем беше откритието дека германската служба за разузнавање БНД можеби им помагала на американските шпиони во следењето на Европски фирми и политичари.

Меркел, според нејзиното сведочење, првпат слушнала за активностите на БНД поврзани со НСА во март 2015 година.

„Имам доволно искуство за да ми биде јасно дека се работи за сериозно прашање“, изјавила канцеларката по прашањето како се чувствувала по откритијата на Сноуден.

Пред комисијата Меркел изјавила дека е убедена во интензивните напори на германските власти да се обезбеди договор за нешпионирање меѓу САД и Германија но дека резултатот не бил соодветен на очекувањето. Во одговорите пред комисијата канцеларката потенцирала дека е многу тешко и во исто време многу важно да се најде вистински баланс меѓу безбедноста и слободата.

Извештаите според кои што во 2013 година НСА прислушувала германски институции и политичари вклучително и телефонот на Меркел предизвикаа дипломатски конфликт меѓу Берлин и Вашингтон и покрај одличните односи меѓу Обама и германската канцеларка.

Слични написи

timthumb (31)

Уапсен бизнисменот Бенџамин Штајнмец

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои …