петок , 22 септември 2017
merkelzbori

Меркел: Турција има клучно значење за решавање на мигрантската криза

merkelzboriГерманскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска дека Турција има клучна улога во решавањето на мигрантската криза и ја повика Европа да и даде поголема поддршка, за да се справи со приливот на бегалци.

– Без сомнение Турција игра клучна улога во таа ситуација, рече Меркел во Бундестагот, Долниот дом на германскиот Парламент, изложувајќи го ставот на земјата за претстојниот денеска самит на Европската унија во Брисел.

Таа додаде дека повеќето од бегалците од воените зони, кои доаѓаат во Европа, минуваат низ Турција.

– Нема да успеам да воведам ред и да го спречам приливот на бегалци, доколку не работиме заедно со Турција, нагласи германскиот канцелар.

Меркел прецизираше дека поддршката на Анкара треба да вклучува хуманитарна помош и поддршка за обезбедување на границите и борбата против криминалните мрежи за трговија со луѓе.

Таа говореше и за другата важна тема на претстојниот самит, референдумот за останување или излегување од ЕУ во Велика Британија.

– Германија конструктивно ќе соработува со Велика Британија за реформирање на ЕУ, рече Меркел.

Таа нагласи дека некои принципи како слободното движење на луѓе и спречување на дискриминацијата не подлежат на преговори.

– Уверена сум дека ќе успееме да пронајдеме прифатлив компромис, рече таа.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …