петок , 22 септември 2017
132865905-540x320

Месните индустрии остро реагираа на соопштението на СЗО

132865905-540x320Еден ден откако Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека преработеното, а можеби и црвеното месо можат да бидат поврзани со развојот на рак, претставници на месната индустрија таквите заклучоци веднаш ги нарекоа гротескни и ја повикаа јавноста на кажано да му пристапи со зрнце сомнеж, јави Хина.

Меѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ), која делува во рамки на СЗО, во понеделникот, повикувајќи се на истражување во кое беа опфатени околу 800 студии, објави дека преработеното месо, како виршли и шунка се класифицираат во групата 1 на работи за кои има „доволно докази“ за поврзаноста со рак, а во неа, на пример, се и тутунот и азбестот.

Северноамериканскиот институт за месо (НАМИ) утврди дека бројни автори „ги сомлеа“ сите податоци за да добијат таков резултат.

Центарот за врски во меснопреработувачката индустрија на Европската унија смета дека е „непримерено било кој фактор изолирано да се смета за ризичен за растот на развојот на ракот“.

– Тоа е комплексно прашање кое може да зависи од комбинацијата на бројни други фактори, како што се возраста, генетиката, прехранбениот режим, околината и животниот стил,  наведува Центарот.

Во Франција, која е најголемиот европски производител на говедско месо, најголемиот синдикат на вработените во земјоделието одговори дека дури „и доколку претераното консумирање месо не е нешто што треба да се поддржи“ , можно е да се јаде месо ако тоа се комбинира со зеленчук „и ако се оствари избалансирана исхрана“.

Австралија, меѓу најголемите светски извозници на месо, кратко ги отфрли заклучоците, а споредбата на колбасите со цигари го нарече „гротескно“.

Здруженијата на вегетаријанци ги поздравија заклучоците на СЗО порачувајќи дека „животинските протеини не се добри за човекот“.

Нутриционистите веќе предупредија дека количините се важни.

– Тоа не значи дека морате да престанете да јадете црвено или преработено месо. Но, доколку го једете многу, ќе морате да размислите за намалување на количеството, оцени примариус Тим Кеј, епидемиолог од британскиот истражувачки Центар за рак.

Во бројни земји здравствените власти веќе ги повикуваат потрошувачите да го ограничат внесот на црвено месо и месни преработки, но ИАРЦ истакнува дека постојните предупредувања главно се фокусирани на спречувањето на кардиоваскуларните болести и бременоста.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …