вторник , 26 септември 2017
che

МЕСТОТО НА ЗВРЛЕВСКИ МУ Е ДО ГРУЈО – НА ОБВИНИТЕЛНАТА КЛУПА

Колумната не се препорачува за деца под 77 години
Неопходен е надзор на родител или старател

„Од болното искуство знаеме дека угнетувачот никогаш не ја дава слободата по сопствена волја. Таа мора да биде барана од угнетениот“.

Мартин Лутер Кинг

Постои ли сѐ уште макар и најмала дилема кај било кој слободоумен и разумен човек, што сѐ е спремен да направи Грујо за да го „минира“ договорот од Пржино? За да го одложи формирањето на преодната Влада? За да не се случи неговата договорена оставка од премиерската функција? За да не се одржат априлските избори? За да не се најде онаму каде мора да се најде – на долгогодишна робија во Идризово?

Гледајќи го на режимската ТВ, онака, деконцентриран и нервозен како се мачи да состави една просто-проширена реченица, како не може да собере два двоцифрени броја, станува кристално јасно дека од довчерашниот самоуверен и арогантен лидер, не останало баш многу.

Како ранет лав затворен во кафез, Пастирот заигра на единствената преостаната карта: на сѐ или ништо. Неговите потези стануваат предвидливи, анимозитетот и нетрпеливоста кон странскиот фактор сѐ повидливи, што само ја крева „маглата“ од пред очите на меѓународната заедница која сега и на своја кожа може да почувствува со каков човек и тие и ние имаме работа.

Бидејќи давеникот се фаќа и за сламка, сѐ до денот кога ќе мора да замине од власта Грујо ќе ги вади на мегдан сите свои марионети, чие вдомување на високи државни функции имаше само една цел – да го вадат од г.мна и да му го чуваат г.зот секогаш кога ќе му згусти.

Вчера од нафталин го извади подзаборавениот Зврлевски, кој и самиот одамна заборавил која е неговата функција во државата и зошто зема плата?    

Онаков каков што е, застана Зврле пред камерите и бидејќи сите нешто кажуваат, реши и тој нешто да каже. И кажа. Ама ај тој зборувал, ај канта тропала! Ете толкава тежина имаат зборовите на Јавниот обвинител кој со кажаното се изненади дури и самиот себе. Рече дека Специјалното обвинителство било политичко, а Јавното обвинителство не било!? Тој кој со својата слепа послушност кон Фамилијата, престижната и моќна функција ја девалвираше до степен на безначајност и кој не покажа минимум волја да поднесе макар едно обвинение против криминалците во власта, сега се најде повреден и повикан да мудрува и да зборува за недовербата кон институцијата во која е тој прв човек.

Зврлевски и неговите безлични и неавторитетни колеги од Јавното обвинителство се подеднакво виновни за дереџето до кое клептоманската власт ја донесе Македонија. Напикани и забарикадирани во своите смрдливи канцеларии, при самата помисла на имињата на братучедите се тресат како пукани зајаци. Портокаловите бандити од власта не можат толку да ги понижат, колку што тие можат да издржат! И сега, за нивната бедна положба во општеството, за ниските плати (дали?) и малиот буџет, виновна им била специјалната обвинителка?

Ма немој! Па зарем Цацко им е крив што немаат м.диња да го побараат сето она за кое велат дека им недостига? Зарем тие, чија професионална обврска е да бидат храбри во борбата со криминалот, очекуваат некој друг да ја бие нивната битка? Ако има правда, како што нема, и ако нивните плати се пропорционални на независноста и храброста која ја покажуваат, тогаш им се премногу и не ги заслужуваат ниту тие „трошки“ кои во моментов им ги фрла власта.

И затоа, наместо бесрамно да ги бербатат Специјалното обвинителство и Катица Јанева, на Зврле и колегите најдобро ќе им биде да продолжат да го прават она што најдобро го знаат: да останат скриени во дупката во која и досега беа и поданички да му слугуваат на режимот до денот на неговото конечно заминување од власт. Истовремено, на „наменскиот“ Јавен обвинител му останува да се надева дека нема и него да го фати „чадот“ кога ќе почне да се ефектуира материјалот од „бомбите“ на Заев. Бидејќи кога тогаш, тоа неизбежно ќе се случи.  

Оти доколку се докаже дека Зврле поседувал докази за криминал на луѓето од власта и дека не мрднал со малиот прст истите да ги процесуира, е, тогаш, уште отсега нека му ја мисли. Затоа што прикривањето докази, исто како и непреземањето никакви дејства по сознанијата кои ги имал, ќе го направи соучесник во бескрупулозното пљачкање на државата од страна на Груевци.  

Инаку, џабе паламудат Зврле и останатите „независни“ од Советот на обвинители. Директивите од Центарот за лаги и манипулации им стасаа предоцна. Не само што од ресорното министерство и Владата ќе им покажат среден прст за нивните барања, туку како попчиња ќе дадат зелено светло за тимот на Катица. Од втор пат, од трет пат, важно специјалното обвинителство ќе биде екипирано, парите ќе бидат обезбедени и првите обвиненија ќе бидат напишани и порано од планираното.

Тоа што Грујо покажува мускули и го остава американскиот амбасадор да го чека 45 минути, не е ништо друго освен јакнење на сопственото его кое, на крајот на приказната, ќе му се удри од глава. Сето ова е само уште една потврда на фактот дека добар дел од нашите политичари не можат да го надминат балканскиот провинцијализам и да го прифатат кодексот на европските политичари.

Впрочем, констатацијата на белгискиот дипломат Питер Ванхауте дека е тажно што некои луѓе мислат дека можат да бидат над законот, мислејќи пред сѐ на врхушката од редовите на портокаловата банда, на најдобар начин ја отсликува актуелната состојба на македонската политичка сцена.  

 

Автор:
Чеге Вара <Прилеп, ебаго!…….(90)>

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …