среда , 23 август 2017
ilir meta

Мета: Кризата е меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а не меѓу Албанците и Македонците

Македонија е земја на Балканот во која се судираат многу странски интереси, изјави синоќа претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, во интервју за телевизијата „Ора њуз“.

– Тоа е земја, која, покрај со Албанија, има специфични проблеми и со некои од соседните земји, а демографскиот, односно етничкиот состав ја прави државата многу кревка во смисла на функционална стабилна земја – рече Мета, одговарајќи на прашање за односите во регионот, развојот на настаните во Македонија, како и за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за мешањето на Тирана во внатрешните работи на земјата.

Мета смета дека вистинската борба во Македонија во последните години не е криза на односите меѓу Албанците и Македонците, туку е криза меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, односно криза меѓу владата и опозицијата.

Во однос на резултатите од предвремените парламентарни избори, Мета вели тие се искористени за да се создаде лажна ситуација која е претставена како проблем меѓу Македонците и Албанците.

Тој истакнува дека во интерес на Албанија е Македонија да биде стабилна и оти правата на Албанците не може да се решат со дестабилизирање на земјата. Тој смета дека сегашниот проблем во Македонија е, всушност, борба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за власт.

Слични написи

sugareski

Сугарески : Преку ЕУ обезбедени се пари за изградба на експресниот пат делница Дреново-Градско

Со средства од ИПА, во рамки на Секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020 обезбедени се …