вторник , 26 септември 2017
metalurg

Металург поразен од Скјерн во послдните секунди од натпреварот

metalurg-nekse
Македонскиот претставник во групата Д од ракометната Лига на шампиони, тимот на Металург попладнево со гол примен во последната секунда загуби на гостувањето во Данска од Скјерн со 20:19.

Металург во првото полувреме имаше и три гола предност, а на полувреме отиде со два позитива (10:8).

Предводени од ефикасниот Јанко Божовиќ „металурзите“ и на срединатата од вториот дел имаа два погодока предност (16:14), но тогаш следуваше „црна“ серија од девет минути без реализација и четири голови за домаќините што на крајот се покажа како клучно за победникот.

Во составот на поразениот тим најефикасен беше Јанко Божовиќ со 11 погодоци, Даниел Дупјаченец на голот на Металург запиша 15 одбрани.

Ова беше дуел од 4. коло во ЛШ по кое Скјерн е лидер во групата со три победи и еден пораз, Металург има половичен ефект од две победи и два пораза.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …