четврток , 19 октомври 2017
MI5-540x320

МИ5 повеќе од 20 години ја шпионирале нобеловката Дорис Лесинг

MI5-540x320Британската писателка и добитник на Нобеловата награда, Дорис Лесниг, повеќе од 20 години била шпионирана од контраразузнавачката агенција МИ5, покажуваат тајните документи на службата, што денеска, првпат беа објавени од Државниот архив.

Според декласифицираните документи, Лесинг била нагледувана, следена и прислушувана во периодот од 1943 до 1964 година, поради нејзината поврзанст со британската Комунистичка партија и нејзиното значјано учество на лондонската левичарска политичка сцена, во сите тие години.

Специјалниот оддел на Скотланд Јард, тајно ја следел и на нејзините патувања во странство, посебно во Африка, во британската колонија Јужна Родезија (сега Зимбабве) каде се верувала дека агитира во полза на британската КП и помага за ширење на комунизмот во колониите.

Документите откриваат дека значаен удел во шпионирањето на писателката, убеден левичар, имале нејзнините соседи во квартот во Лондон во кој живееле. Посебно улога во таквото надгледување на однесувањето на Лесинг имале соседите-антикомунисти, а во објавените документи се споменува името на еден чешки имигрант кој редовно му доставувал „сознанија“ на МИ5 за активностите на писателката.

Овој човек, јавувал дека таа постојано прима луѓе во својот стан, како Американци, Индуси, Кинези и црнци, тврдејќи дека станот се користи за „неморални работи“.

Дорис Лесинг самата ја напушти Комунистичката партија, во 1957 година, по поминати шест години како член, но нејзини блиски и пријатели уште порано имаат изјавено дека таа во својата работа, никогаш не делувала како комунистички активист.

Во 2007 година, Лесинг ја доби Нобеловата награда за литература, за целиот нејзин книжевен опус.

Умре во Лондон, во 2013 година, на 94-годишна возраст.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …