среда , 18 октомври 2017
Sinisa-Mijhalovic

Михајловиќ со критики кон Гвардиола: Фудбалот не е танц

Sinisa-MijhalovicТренерот на Милан, Синиша Михајловиќ денеска го критикуваше колегата од Баерн, Пеп Гвардиола поради нападот на Најџел Де Јонг, велејќи дека е нормално ако некој игра малку погрубо, затоа што фудбалот не е танц.

Шпанскиот стручњак на полувремето од пријателски натпревари на двете во тунелот на „Алијанц Арена“ го обвини Де Јонг за преостра игра, а малку недостасуваше вербална конфликт да премине во физички.

– Не го видов тој дуел. Сепак, фудбалот не е танц, а фаулите се дел од спортот. Затоа натпреварите каков што е овој не може да се наречат пријателски. Игравме против силен противник, ама мора повеќе да работиме и напредуваме, рече Михајловиќ.

Баерн синоќа го победи Милан со 3:0 во полуфиналето на турнирот „Ауди Куп“ кој се одржува во Минхен.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …