среда , 18 октомври 2017
milcin-584x320

Милчин: Смрди ли смрди реата лажлива курирска!

Се разлајале куририте, режимските куртони за претседателскиот медал што ми беше врачен во понеделникот. Медалот за заслуги од Претседателот на Република Косово ми беше доделен за придонес во полето на културата и образованието, како што пишува во одлуката. Всушност, за придонесот за косовскиот театар направен со четирите претстави кои ги режирав во Приштина кои се сметаат за исклучителни дострели во театарот на албански во Косово. Три од тие претстави беа направени во 1984, 1985 и 1986 година во Покраинскиот театар во Приштина (тогаш Косово беше покраина во СФРЈ, Македонија беше република во СФРЈ, а УЧК не беше ни на повидок!), а четвртата беше направена во 2004 година во Националниот театар во Приштина. Правата беше “Конфитеор” од Слободан Шнајдер, втората беше “Дервишот и смртта” според романот на Меша Селимовиќ, третата беше “Брегот на жалоста” од Теки Дервиши, а четвртата беше “Роберто Зуко” од Колтес. Во тие претстави играа бардовите на театарот предводени од Истреф Беголи, а во четвртата, насловната улога ја толкуваше Рефет Абази, актер кој игра на албански и македонски.

Ова се заслугите и придонесот на режисерот Милчин за културата и театарот во Косово, пред и по независноста. Медалот покажува дека културните мостови се постари од државните граници и дека мостовите не треба и не смее да се уриваат. Тие се градби кои се противставуваат на изолацијата, провинцијализацијата и варварството.

Куририте се забрефтале во својата хиперпродукција (федерализација и слични бабароги!). Прекумерното вдишување од отровот што го шират ќе ги задуши самите курири зашто куртоните не се гас-маски!

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.