недела , 24 септември 2017
драгиша милетиќ слика1

Милетиќ: Завршуваат бројните привилегии на Стоиљковиќ, да прекини да шири невистини во српските медиуми

Со завршувањето на владеењето на режимот во заминување, завршуваат и бројните привилегии кои Иван Стоиљковиќ ги присвои лажно претставувајќи се како лидер на Србите во Македонија, рече претседателот на Српската напредна странка во Македонија, Драгиша Милетиќ на денешната прес конференција.

Со ширењето лаги по медиумите, Стоиљковиќ ќе остане запаметен како доследен соработник на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ само за да ги заштити сопствените привилегии. Затоа Стоиљковиќ се служи со лаги и внесува вознемиреност кај граѓаните во Македонија и во регионот.

Иако повеќе од 10 години беа дел од власта, нити Стоиљковиќ ниту неговата партија не направија ништо за српската заедница, освен што ги полнеа сопствените џебови и ги лажеа граѓаните.

Сега кога режимот заминува а неговите привилегии се загорезени, Стоиљковиќ тргна по стапките на ВМРО-ДПМНЕ и почна да шири лаги и невистини за наводни редефинирања на Македонија, додава Милетиќ.

Сето ова се лаги на човек кој не може да се помири со фактот дека повеќе нема да биде дел од власта. Затоа, апелираме до Стоиљковиќ да престане да лаже и да се помири со реалноста дека тој и неговата партија како дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се поразената страна.

Македонија ќе биде модерна, дрмократска и правна држава. Македонија ќе биде едно општество кое ќе ги цени и штити правата и ќе даде еднкава можност на сите граѓани вклучително и на Србите. Граѓаните на Македонија ќе бидат слободни и еднакви и никој а најмалку Стоиљковиќ тоа може да го спречи.

На новинарско прашање како тој како србин ја оценува изјавата на претседателот на СДСМ и негов коалиционен партнер Зоран Заев во последното интервју на српски Курир, Милетиќ изјави:

” Реакцијата беше оштра, меѓутоа тоа е последица на сите лаги  и манипулации кои што се изнесуваа во српските медиуми, така да дел од медиумите и дел од аналитичарите премногу беа груби према Заев и го прогласуваа како човек кој што сака да го дестабилизира регионот. Никој не сакаше да ја сослуша другата страна, едноставно само Стоиљковиќ се наметнуваше и известуваше за случувањата во Македонија, меѓутоа сигурен сум дека кога ќе дојде на власт господин Заев на власт ќе се обноват пријателските односи помеѓу Србија и Македонија, ова е пролазна фаза. Ќе се издигнат на повисоко ниво со што и самите граѓани на Македонија ќе имаат поголем бенефит ”

Милетиќ го осуди присуството на Иван Стоиљковиќ од ДПСМ и на заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ. Според него, 60 проценти од Србите во Македонија на изборите дале поддршка на Зоран Заев, со што јасно покажале дека не се со Стоиљковиќ и ВМРО-ДПМНЕ

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …