понеделник , 21 август 2017
milevski guerini

Милевски на средба со Гуерини: Коалицијата „За живот на Македонија“ ќе формира влада

Делегација од Либерално-демократската партија, предводена од претседателот, Горан Милевски, вчера попладне со првиот советник за политички прашања при мисијата на ОБСЕ, Симоне Гуерини разговараа за актуелната политичката ситуација во Македонија.

На средбата, како што се наведува во соопштението на ЛДП, Милевски истакнал дека коалицијата „За живот во Македонија“ е онаа која ќе ја формира новата влада, за што веќе се почнати процедурите.

Од партијата наведуваат дека на средбата исто така станало збор за актуелната политичка ситуација, како и за кризата во земјата.

Милевски ја повторил заложбата за брзо формирање на влада, предводена од опозициската коалиција, со цел брзо спроведување на реформите и нормализирање на состојбите и животот во Република Македонија.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …