среда , 18 октомври 2017
ademi

Министерот Адеми во посета на Хрватска

Министерот Едмонд Адеми, кој е задолжен за дијаспората, денеска ги посети градовите Загреб и Бјеловар.

Во Собранието на Република Хрватска министерот Адеми оствари средба со пратеничката Ермина Лекај Прљаскај, претседателот на Советот на Албанското национално малцинство на град Загреб, Шуип Зибери, и почесниот конзул на РМ во Задар и воедно претседател на УО на ИВЗ во Република Хрватска, Гзим Реџепи, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот Адеми.

Оттаму додаваат дека на оваа средба била констатирана поддршка од страна на домаќините за новите чекори што ги презема новата Влада на Република Македонија во делот на дијаспората.

Во Државниот уред за Хрвати надвор од Република Хрватска министерот Адеми остварил средба со државниот секретар Звонко Милас и со неговите соработници, на која било разговарано околу националната стратегија која треба да ја изготви Владата на Република Македонија.

По овие две средби во Загреб, министерот Едмонд Адеми имал заедничка средба и прес-конференција со градоначалникот на Бјеловар, Дарио Храбек, каде што бил презентиран патоказот кон остварување на потребите на дијаспората и нејзино институционализирање во Република Македонија.

На оваа средба се разговарало и за можностите за подобрување на трговската соработка меѓу двете земји.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.