вторник , 24 октомври 2017
5-2-701x815

Министерот Дураки се сретна со финскиот амбасадор Иконен

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, денеска се сретна со амбасадорот на Финска, Перти Иконен. На средбата се разговарало за досегашната успешна соработка меѓу двете држави и новите развојни перспективи од областа животна средина кои ќе се отворат со понатамошно споделување на позитивните искуства меѓу двете страни.

Посебен акцент бил ставен на успешно имплементираните твининг проекти од областа на воздухот во Македонија, каде главен партнер беше Финска, преку Финскиот метеоролошки институт, пренесуваат од Министерството за животна средина.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …