вторник , 26 септември 2017
adnan jashari

Министерот Јашари ќе бара Советот на обвинители да го избере целиот тим на Катица Јанева

adnan jashari
Министерот за правда Аднан Јашари ќе биде посредникот меѓу политичките партии потписници на договорот во Пржино и Советот на јавни обвинитли. За да се деблокира политичкиот дијалог од Советот на обвинители ќе побара да биде избран целиот тим на специјалната обвинителка Катица Јанева, а тоа значи сите 14 предложени обвинители од нејзина страна.

Истата постапка ќе биде и со Уставниот суд од кој Јашари ќе бара да не се поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за специјалниот јавен обвинител.

Доколку се надмине овој проблем, следува усогласување на изборните правила за кои е веќе постигнат договор, а потоа и регулирање на медиумксата сфера и избор на нови министри и заменици министри во владата.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …