среда , 28 јуни 2017
mercedesss1

Министерот Спасовски го покажа „мерцедесот“ од 600.000 евра што МВР го купи за Груевски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го покажа „мерцедесот“ од 600.000 евра што беше купен од поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, преку МВР, за потребите на поранешниот премиер, Никола Груевски, а за кој јавноста дозна во 31.„бомба“ што ја објави премиерот Зоран Заев, тогаш лидер на опозицискиот СДСМ.

mercedesss

– Како министер во техничката влада, ветив дека веднаш штом ќе се формира новата реформска влада, ќе го покажеме тоа на „М“ од проектот „Вистината за Македонија“, „мерцедесот“ класа С, кој во тоа време беше 600.000 евра и беше набавен од тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Тогаш го сокрија во гаражите на Владата, далеку од очите на јавноста. Многу граѓани не можат да замислат да имаат просечно возило, а некој се луксузира со парите на граѓаните на Македонија. Најмногу што боли е што полицајците во Македонија немаат униформи и возила да ги извршуваат своите работи, а ова министерство имаше храброст да купи возило од 600.000 евра – изјави Спасовски.

Тој додаде дека мерцедесот до сега има поминато 57 илјади километри и дека четири до пет пати месечно бил возен до Пробиштип. Спасовски рече дека гумите се отпорни на огнено оружје и дека нивната промена чини 20.000 евра.

Министерот изјави и дека за тие пари, колку што чинел мерцедесот, можеле да се купат 25 возила „шкода јети“ кои можеле да ги користат полицајците.

Премиерот Зоран Заев при гостување на „Македонската радио-телевизија“ кажа дека овој „мерцедес“ е оштетен од мачки и дека нема да го вози никој од службениците, туку ќе се користи за превезување на странски делегации. Пред една недела најави дека автомобилот ќе биде покажан пред јавноста. Потенцираше дека, доколку биде продаден би изгубил 200.000 евра од вредноста.

За „мерцедесот“, СЈО отвори случај „Тенк“ во кој се осомничени две лица кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година, а „за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер“ (Никола Груевски, н.з.) за набавка на „специјално возило“.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …