сабота , 21 октомври 2017
oliver-obse

Министерот Спасовски имаше работна средба со шефот на ОБСЕ/ОДИХР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во текот на вчерашниот ден оствари работна средба со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Тана Де Зулиета.

На средбата, како што соопшти МВР, стана збор за улогата на Министерството во обезбедувањето фер и кредибилни избори на 11 декември.

– Министерот Спасовски ја истакна решеноста да се обезбедат услови за фер и демократски избори и потенцираше дека нема да дозволи ниту еден полициски службеник да се вклучи во политички кампањи, односно дека нема да дозволи злоупотреба на човечки ресурси или материјално-технички средства за престојната кампања на која било од политичките партии, информира МВР.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.