среда , 28 јуни 2017
IMG_8500(1)

Министерот Спасовски оствари средба со амбасадорот на Израел

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Државата  Израел Н.Е. Дан Оријан.

Амбасадорот Оријан му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа. Тој ја потенцира поддршката за нашата земја од Државата Израел и изрази подготвеност за унапредување на соработката на полициите од двете земји, особено во областа на борбата против тероризмот и проблемот со мигрантите.

Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Државата Израел и изрази уверување дека таа соработка ќе продолжи и во иднина, особено во спроведувањето на потребните обуки за зајакнување на капацитетите на МВР.  Тој потенцира дека клучен приоритет е целосна реформа на полицијата, затоа што изминатиот период покажа дека има сериозни проблеми со непрофесионалното работење и партизирање на полицијата. Како резултат на тоа се случија скандалот со прислушувањето и настаните од 27 април, кои сериозно го нарушија интегритетот на МВР.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …