среда , 28 јуни 2017
DSC_0493

Министерот задолжен за дијаспора, Адеми оствари средба со претставничките на Форумот за демократска Македонија

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со претставничките на Форумот за демократска Македонија, г-ѓа Емилија Тодорова и г-ѓа Маја Панова. На средбата министерот ги запозна со почетните активности, како и со плановите и идеите за работата на министерот и за развивање на соработката со дијаспората.

Тој истакна дека со самото тоа што еден од министрите во владата е задолжен за дијаспората, се покажува нејзината определбата да ѝ даде на дијаспората дополнителна не само политичка туку и суштинска тежина.
Претставничките на Форумот за демократска Македонија ја претставија својата организација, која е натпартиска, мултиетничка и мултиконфесионална, и отворена за сите наши сограѓани во странство, кои имаат заеднички интереси и проблеми. Нивниот проглас е објавен на седум јазици, а веќе е готова и нивната програма.

Нивните заложби се во правец на демократизација на Македонија, слобода на медиумите, засилување на владеењето на правото и на човековите права, но и активности во областа на образованието, науката и културата. Форумот ја изрази својата подготвеност за соработка во сфери од своето дејствување.

Заеднички беше констатирано дека треба да се изградат мостови на доверба и партнерство меѓу институциите на системот и иселениците, од кое ќе произлезат придобивки за државата и за сите граѓани на Р Македонија.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …