среда , 20 септември 2017
министерство турција

Министерството за надворешни работи на Турција го поздрави формирањето на Влада во Македонија

Министерството за надворешни работи на Турција на својот веб сајт го поздрави формирањето на новата македонска Влада, во соопштението се вели:

“Го поздравуваме формирањето на новата влада по парламентарните избори одржани на 11 декември 2016 година во Република Македонија, со која имаме пријателски односи од денот кога е осамосталена, независна и суверена држава. Во оваа прилика, и посакуваме успех на новата Влада, и им честитаме за изборот на пријателскиот и братски народ во Македонија.

Нашата искрена надеж дека новата влада, која е формирана по долготрајната политичка криза во Македонија, ќе донесе мир на народот во Македонија и да се обезбеди единство и солидарност, со што ќе се донесе стабилност на земјата.”

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …