недела , 22 октомври 2017
ucebnik-осмо-одделение-701x343

Министерството за образование го повлече учебникот „Граѓанско образование“ за 8. одделение

Министерството за образование го повлече учебникот „Граѓанско образование“ за 8. одделение откако народниот правобранител утврди дискриминација по основа на род, пол, здравствена состојба, попреченост и религија.

Во поднесена претставка од Мрежата за заштита од дискриминација во врска со дискриминаторски содржини во учебникот „Граѓанско образование“ за 8. одделение се наведува дека во учебникот, на страници 34 и 35, се учи за правата на жената и меѓу другото се вели дека само почитуваните жени и здрави мајки може да обезбедат здрави семејства, од што зависи и понатамошниот развој на општеството.

Во прилог на истата лекција има две фотографии, на едната фотографија е прикажана жена со престилка која истовремено готви и стои пред компјутер, а на другата фотографија жената седи со прекрстени нозе и списание во рака додека пред неа маж чисти со правосмукалка. Под фотографиите стои прашање: „Која од овие жени се изборила за своите права?”

Во понатамошниот дел од истата лекција авторите прават осврт на улогата на жената во времето кога Адам и Ева живееле во рајот со што се фаворизира христијанската религија, наспроти сите други религии кои постојат во Република Македонија, со што се врши дискриминација врз основа на религија и верско уверување кон жените и учениците кои припаѓаат на други религии или не се религиозни.

Обидувајќи да ги објаснат женските права низ призмата на религијата, авторите велат дека „се смета дека жената го сторила првиот грев во рајот. Го вкусила забранетото овошје, го довела Адам во искушение и оттогаш страда. Во првата книга „Постанок” на Мојсеј, Бог  ѝ вели на жената „Ќе ти ги зголемам маките кога си бремена, со болки ќе раѓаш деца, ќе бидеш под власта на мажот свој и тој ќе ти биде господар”.

„Ваквиот обид за објаснување на женските права низ призма на една религија, со цитат во кој се наложува покорност на жената кон мажот, покрај тоа што претставува дискриминација врз основа на религија и верско убедување, поттикнува и промовира дискриминација кон жените и родови предрасуди. Дополнително, ова претставува прекршување на принципот на секуларност во образованието бидејќи религиски текстови се претставуваат како легитимни извори на информации за женски права“, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …