петок , 22 септември 2017
Големо Коњари 4 [1600x1200]

Министерството за транспорт и врски ќе врши увид на поплавените подрачја во Охрид

mtv
Министерството за транспорт и врски ќе врши увид во поплавените подрачја во Охрид и ќе презема мерки за надминување на состојбите. Министерот Владо Мисајловски напладне ќе ги посети загрозените домови и семејства и ќе изврши увид во санирањето на штетите во поплавените подрачја во Охрид.

На терен ќе излезат стручните служби на општината за да извршат проценка на висината на штетите од невремето.

Министерот Мисајловски синоќа учествуваше на состанок на Координативното тело за справување со кризи. Тој најави итна помош за службите кои се справуваат со последиците од невремето во Охрид, каде до вчера утрото наврнаа 90 литри на метар квадратен.

– Веднаш договоривме дополнителна механизација и пумпи, исто така беа побарани кипери и ќе гледаме да ги обезбедиме – рече Мисајловски. Тој додаде дека ситуацијата со поплавите не е критична, но мора будно да се следи.

Во невремето поплавени беа куќи, делови од станбени згради, угостителски и деловни објекти како и дворови и земјоделски површини во речиси сите делови на градот.

Најкритично беше по полноќ кога врнежите проследени со силен ветер и електрични празнења беа и најинтензивни.

Освен главната сообраќајница на булевар „Туристичка“ и неколку други поголеми улици, каде има широки тротоари и релативно добра канализациска и одводна мрежа, најголемиот дел од улиците во центарот на Охрид и во периферијата, се соочуваат со проблеми во нормално одвивање на сообраќајот, поради лошата инфраструктура и задржување на водата по самите сообраќајници.

Сообраќајот е видливо отежнат за пешаците, кои за да преминат улица, треба да прескокнуваат или заобиколуваат цели „мали езерца“ со надојдена вода.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …