среда , 18 октомври 2017
transport

Министерството за транспорт: Становите се законски распределени

Министерството за транспорт и врски (МТС) преку соопштение ги демантира, како што наведува, лагите што денеска на прес-конференција ги изнесе техничката министерка за спроведување на изборите, Фросина Ременски во однос на распределбата на социјалните станови во Прилеп и Ресен.

– Техничката министерка Ременски говори невистини и зборува за некаква партиска распределба на социјални станови, но таа е истата техничка министерка Ременски која упорно ја уценуваше Комисијата за распределба на социјалните станови да и доделат стан на лице од Прилеп кое е во блиски роднински односи со висок функционер на СДСМ. Таа е истата техничка министерка Ременски која упорно одбиваше 119 лица да се вселат во социјалните станови, бидејќи не и беше удоволено барањето, стан да добие партиски член на СДСМ, стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Според Министерството, Ременски избегнува да даде одговор зошто од членовите на Комисијата барала стан да добие лице што не ги исполнува критериумите и што е во блиски релации со функционер од СДСМ.

– Социјалните станови се изградени за згрижување на најранливите категории на граѓани и само тие што ги исполнуваа условите согласно критериумите што се пропишани во Правилникот за распределба на социјалани станови, се здобија со право на користење на таквите станови, се вели во соопштението.

Министерството за транспорт и врски тврди дека постапката за распределба е направена согласно законските прописи и на транспарентен начин. Сите лица што ги исполнија условите согласно критериумите пропишани во Правилникот за распределба на социјални се здобиле со право на користење на социјален стан.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.