понеделник , 23 октомври 2017
minoski

Миноски во предизборен период ги задолжува граѓаните

Укажуваме дека во предизборен период министерот за финансии Кирил Миноски ги задолжи граѓаните за износ три пати поголем од износот на долговите што доспеваат за враќање.

Порачуваме дека за сите злоупотреби со задолжувањата ќе има одговорност!, се вели во денешното соопштение за јавност од кабинетот на дополнителниот заменик министер за финансии.

На денешното задолжување на домашниот пазар на капитал, власта на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжи граѓаните со 9.2 милиони евра.

Со тоа јавниот долг го продолжува загрижувачкото темпо на задолжување на што укажаа и Европската Комисија и ММФ и Светска банка, а кое што  ги надмина критичните 50% од БДП.

Слични написи

moneti

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на …