недела , 20 август 2017
misovski-17dek-456x320

Мисовски: Изборот на Талат Џафери е чист, Вељаноски мора да одговори на многу прашања

Пратеникот од НСДП Горан Мисовски со писмена соопштение реагира на синоќешниот настап на телевизија Сител на Трајко Вељаноски.

„Го гледав настапот на нелегитимниот Претседавач на конститутивната седница за избор на Претседател на Собранието на Р.М. и еден од најодговорните за крвавиот настан, Трајко Вељановски на Сител телевизија и чувствувам за потребно да реагирам во јавноста во однос на неколку негови констатации.

Трајко Вељановски точно знае дека изборот на Талат Џафери за Претседател на Собранието на Р.М. е кристално чист и е согласно член 10 став 1 и член 78 став 2 од Деловникот и согласно јасно изразената волја на 62 пратеници, кои како мнозинство во Собранието согласно член 22 став 1 од Деловникот поднесоа предлог за избор на претседател на Собранието на Р.М. под архиски бр. 08-846/1 од 27.03.2017. Толку околу постапката за која што нема ништо нејасно и неделовнички и спремен сум на било кој медиум по желба на Трајко Вељановски тоа од деловнички аспект да го расчистиме.

Постои нешто што мене посебно ме загрижува.

1. Трајко Велјановски кажа дека 10 минути по прекинот на седницата бил во неговиот кабинет и дека во него останал се до завршувањето на, според мене, злосторничкиот обид за ликвидација на пратениците од парламентарното мнозинство, од страна на лица кои од снимките се гледа дека по различни основи се блиски до ДПМНЕ.

2. Исто така од снимките се гледа дека една група на хулигани, а некои од нив и со маски на главите, поминуваат покрај полициските сили и се качуваат по скалите кои што водат кон кабинетот на Претседателот на Собранието и кабинетот што Претседателот на Собрание го користи за одредени протоколарни средби.

3. И двата кабинети се физички издвоени со сигурносна врата преку која што по нај краток пат се доаѓа до прес центарот каде што се случи крвничкиот напад, а која што се контролира исклучиво од собраниско обезбедување, од Кабинетот на Претседател на Собранието.

4. Бидејки подолго време сум во Собранието на РМ најодговорно тврдам дека не постои можност било кој да ја помине сигуроносната врта која што води по ходникот директно во прес центарот, без за тоа некој да даде налог. И Пратениците кога се движеле во тој дел, не можеле да имаат пристап преку сигуроносната врата без да се пријават на интерфонот поврзан со Кабинетот на Претседател на Собранието на РМ.

Јас тврдам дека новото парламентарно мнозинство ќе превземе се што е во доменот на профункционирањето на правната држава, правна разрешница и одговорност за сите хулигани кои што се обидоа да ги ликвидираат пратениците од парламентарното мнозинство, а Трајко Вељановски ќе мора да одговори на многу прашања“ се вели во реакцијата на пратеникот Горан Мисовски.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …