недела , 22 октомври 2017
mitrevski

Митревски сменет од претседателската позиција во ССМ

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во среда соопшти дека го сменил Живко Митревски од местото претседател на седница на Советот на 13 ноември, а за в.д. синдикален лидер е избран Дарко Димовски.

На седницата било констатирано дека „Митревски подолг период одржува седници на Претседателството и на Советот на ССМ без потребен кворум, носи одлуки спротивни на статутот и на штета на поголемиот дел од гранските синдикати и издава имот во зградата на ССМ без одлуки на органите и телата“.

Покрај тоа, уште било констатирано и дека Митревски ги раскарал и поделил гранските синдикати здружени во ССМ и тие немаат комуникација меѓу себе и дека него „веќе не го гледаат како фактор кој може да биде на чело на синдикалното движење во Македонија“.

Одлуката на ССМ за смената на Митревски била доставена до Министерството за труд и социјална политика, кое одлучи Димовски да биде запишан во Централен регистер како одговорно лице во Синдикатот и решението е доставено на 14 ноември, но таму се уште не е извршена промената.

Митревски во вторникот соопшти дека поднел кривична пријава против министерката за труд и социјална политика од СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски, и против пет други лица за злоупотреба на службената положба и овластување. Според Митревски, врз основа на фалсификуван документ за донесена одлука од наводно одржана седница на Советот на ССМ, Ременски донела решение за негова смена од претседателското место.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …