вторник , 26 септември 2017
?
?

Мицевски : Тодоровски веднаш да си поднесе оставка и да се соочи со одговорноста за незаконското работење

Денеска до ОЈО Крива Паланка поднесовме кривична пријава против директорот ЈП Комуналец, Томе Тодоровски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Основано се сомневаме дека Тодоровски сторил кривично дело, злоупотреба на службена должност.

Тодоровски само во првите 6 месеци од 2016 година потрошил 245 илјади денари по кафеани и ресторани во Скопје, Куманово, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Прилеп, но и во Врање, Белград, Виена, Софија, Врњачка Бања, Предејане и многу други.

Со пари на граѓаните, директорот си купувал и фен, пегла за коса, душек…

Тодоровски ја зголеми цената за комунални услуги од 250 на 1000 денари за едно просечно 4 члено семејство.

Додека граѓаните плаќаат 4 пати повисоки сметки, Тодоровски нивните пари ги троши по кафеани и ресторани.

Наместо цела недела да молчи и да се крие, Тодоровски веднаш да си поднесе оставка и да се соочи со одговорноста за незаконското работење.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …