четврток , 19 октомври 2017
IMG-cbc8cb922685e84e4b4bb77d15650dbc-V

Младинскиот репрезентативен голман Андов фантастичен на дуелот со Словачка

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години го одигра второто реми во рамки на квалификацискиот циклус за ЕП. По нерешениот дуел против БиХ, нашите фудбалери снемаа „муниција“ и против Словачка, против која исто така одиграа 0-0 (0-0).

Словаците доминираа за време на целиот дуел, пред се поради фактот дека Македонија цела средба имаше играч помалку на терен, но сепак, не успеаја да го совладаат фантастичниот Матеј Андов кој бранеше фантастично и забележа четири интервенции од изгледни прилики за гол.

Уште во 3. минута првпат на мечот се закани Стрелец, но не успеа да погоди, а во 9. минута следеше исклучувањето за Македонија, кога директен црвен картон доби Тошевски. До полувремето Словачка притискаше, но не успеа да даде гол, а на самиот старт на вториот дел, повторно преку Стрелец, Словачка ја имаше најдобрата шанса да погоди, но ударот со пета на напаѓачот одлично го скроти Андов.

Во 60. минута следеше првата сериозна шанса на Македонија преку првата ѕвезда Секулов, но тој не реализира, а на аспротивната страна, Стрелец во 65. минута пак имаше шанса, но Андов пак одбрани. Во 70. минута голманот на Македонија повторно се истакна со една одлична одбрана и дефинитивно може да го понесе епитетот играч на натпреварот.

Пред финишот црвен картон заработи и Словачка, затоа што поцрвене Томчек. Македонија се уште има шанса за пласман во втората фаза од циклусот за ЕП, но за тоа ќе мора да ја победи Молдавија во последното коло кое се игра на 8 октомври и во прилог да ѝ оди резултатот од мечот меѓу Словачка и БиХ.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …