вторник , 26 септември 2017
germanski-polizei

Мнозинство Германци бараат референдум за прифат на бегалците

germanski-polizeiГолемо мнозинство Германци бараат организирање референдум за прашањата за прифат и сместување на бегалците во нивната земја, пренесе ТАСС, повикувајќи се на резултатите од истражувањето ја јавното мнение на институтот „Емнид“.

Според резултатите од анкетата, 64 проценти од анкетираните се залагаат за тоа граѓаните да можат да гласаат на референдум за прашањата на миграциската политика на нивната земја. Против таквата можност се изјасниле 33 проценти од анкетираните.

Според 66 проценти од анкетираните Германци, кризата со бегалците може да го подели германското општество на два спротивни и непомирливи табори, додека 24 проценти од Германците сметаат дека до вакво нешто не може да дојде.

Германија очекува до крајот на годината во земјата да дојдат меѓу 800. 000 и 1,5 милион кандидати за азил, потсети ТАСС.

Земјата веќе има тешкотии со сместувањето на мигрантите. За азилантите се приспособуваат индустриски згради, училишта и спортски центри и често пати тоа е причина за изразеното незадоволство кај локалното население.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …