недела , 24 септември 2017
merkelCDU-540x320

Мнозинството пратеници од ЦДУ бараат „Берлински ѕид“ на границата

merkelCDU-540x320Германскиот канцелар Ангела Меркел може да се соочи со остар отпор од членовите на нејзината партија, поради политиката на отворени врати за бегалците, откако мнозинство од пратениците од Христијанско демократската унија (ЦДУ) презедоа парламентарна иницијатива за поставување на заштита налик на „Берлинскиот ѕид“ на границата на Германија.

Деталите за т.н. таен план на демохристијаните за стопирање на приливот на бегалци од по десет илјади мигранти кои секој ден влегуваат во Германија беа објавени во германскиот весник „Билд“, според кој иницијативата била поддржана од 188 од вкупно 310-те пратеници на партијата на Меркел во Парламентот.

Предлозите вклучуваат изградба на огради од бодликава жица долж источната граница на Германија. Досега Меркел ги офрлаше сите барања за нови огради по границата.

– Треба да го спречиме приливот од бегалци. Не треба да има забрани за преоценување на нашите погранични објекти, изјави за „Билд“ пратеникот Кристијан фон Штетен, автор на предлогот.

Тој додаде дека предлогот на дневен рен на гласање ќе биде ставен за две недели.

Штетен изрази увереност дека Владата на Меркел ќе изработи ефикасен план за стопирање на бегалскиот бран во Германија, но предупреди дека доколку овие очекувања на бидат исполнети следните недели, неговата парламентарна група ќе биде принудена да реагира.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …