вторник , 24 октомври 2017
mnr mk

МНР побара став од Стејт департментот за изјавата на конгресменот Рохрабакер

Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку македонската амбасада во Вашингтон, по дипломатски пат побарало став од американскиот Стејт департмент за изјавите на американскиот конгресмен Дана Рохрабакер, изнесени во интервју за „Визион плус“ од Тирана.

„Конгресменот e член на Комитетот за надворешни работи и претседател на Поткомитетот за европски работи. Неговите искажани ставови предизвикуваат голема вознемиреност околу Македонија и во регионот. Тие разгоруваат националистичка реторика во соседството, со што нè враќаат во минатото. Веруваме дека Стејт департментот соодветно ќе отстрани секаква дилема околу изнесените позиции, како и дека ќе ја афирмира својата политика кон Македонија и кон Балканот“, се вели во соопштението на МНР.

Американскиот конгресмен Дана Рохрабакер во интервјуто за „Визион плус“ рече дека Македонија не е држава и дека треба да се подели. Рохрабакер истакнал дека создавањето на македонската држава е пропаднат проект и сега, според него, сите околности се создадени за нејзините делови да им се дадат на соседните држави, вклучувајќи ги и Косово и Бугарија.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …