понеделник , 21 август 2017
alkohol.jpg-500

Мобилна апликација: Доста ти е пиење

Колку пати сте претерале со пиење вечерта и сте си го уништиле утрото наредниот ден? Понекогаш човек се кае и си вели „како немаше некој да ми каже да престанам“.

Австралиската влада финансирала проект од страна на Иститутот Барнет кој работи на создавање апликација која ќе ви биде најдобар пријател при вечерните излегувања.

Концептот на апликацијата се базира на испраќање потсетници за време на вечерното излегување кои ве освестуваат за количината која сте ја испиле. Апликацијата исто така ќе содржи тестови за трезност кои алармираат кога сте претерале.

Вашиот телефон ќе ве праша колку сте испиле или дали сте на работа нареднит ден и ќе продолжи така сѐ додека не престанете да пиете и си заминете од барот.

Концептот е сѐ уште во изработка, а ќе почне со тестирања наредната година.

Слични написи

beni

Немој да се курчиш-нова песна на Бени & Нон стоп

„Никој не се смее, сè полудено“. Се само еден стих од новиот рокенрол на Бени …