вторник , 26 септември 2017
mogerininova-540x320 (1)

Могерини ги собира Балканците за да се реши бегалската криза

mogerini
Советот на Европската унија и високиот претставник за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини поради бегалската криза, која со месеци ја погодува Европа, следната недела закажаа конференција во Луксембург, а целта е пронаоѓање решение за западнобалканста рута, пишува „Дневни аваз“.

На конференцијата ќе присустуваат министрите за надворешни и за внатрешни работи на Турција, Либан и Јордан, како и министрите на земјите од Западен Балкан.

Во соопштението на организаторите се наведува дека ЕУ е се повеќе загрижена поради големиот прилив на бегалци, а ситуацијата дополнително се влошува поради тоа што не се гледа крајот на бранот бегалци, кои бегаат од војните во Сирија, Ирак и Авганистан.

– Досегашните активности не вродија со плод, а ситуацијата се помалку може да се контролира, се додава во соопштението.

Токму поради тоа, се вели во документот, целта на конференцијата би требало да биде пронаоѓање метод, кој би им овозможил на бегалците да обезбедат сигурно пристигнување до земјите од ЕУ, но и контрола на нивниот број, обезбедување на сместување и храна.

Други цели се да разбие ланецот на трговци со луѓе, кои бегалците ги префрлаат преку Средоземното Море, но и да се дефинираат патиштата и рутите, по кои бегалците можат безбедно да се движат.

На конференцијата се поканети и претставници на Шведска, Норвешка и Лихтенштајн, а за состојбите на теренот ќе говорат претставници на ОБСЕ, Фронтекс, Меѓународната организација за миграција, како и Светската организација за храна.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …